Итаме од една задача на друга за да исполниме обврски кои ни го одземаат и минималното време за одмор, така цедејќи ги последните атоми на животна снага. Навечер многумина потполно исцрпени се свртуваат кон средства за смирување и таблети. Така завршува тековниот ден, за да мамурни повторно следниот ден се влезе во истиот круг.
Таа е една од ретките философски и духовни дисциплини која и денес е постојана и автентична како и во минатото, и актуелна со својот интегрален пристап да биде од корист за човекот и да му помогне во неговиот правилен целокупен психофизички развој, во себеоткивањето и самоспознанието на секое човечко суштество. Јогата и денес како и во минатото усмено и со пример со пренесува од учител на ученик (парампара ),така да во основа ја зачувала својата изворност и оргиналност.
Можно е да се направат бројни поделби на јогата и историски да се следи нивниот развој, кои со текот на времето, низ мноштво генерации практиканти претрпела извесни промени., се развиле бројни школи кои негувајќи сопствени искуства и идеи ги надградиле на наследената традицији и со тек на времето се менувале, се приспособувале, се надградувале и се гранеле. Така да настанале посебни видови на Јога, разни правци, школи ,пристапи кои во посебни теоретски рамки им пристапуваат дури и на посебни целни групи.
Иако патиштата можат да бидат различни, темелната идеја на јогата е среќата и таа среќата се наоѓа во секого и во се.Тргнувајќи од идејата за среќата и за самоспознанието суштествува најстарата поделба на јогата, која ја одразува и различнита природа и личните афинитети и потреби на секого.
Некои трагачи се склони кон постојана и несебична работа, втори кон размислување-философирање, трети се посветени во откривање на Возвишеното а последните кон лично вежбање, усовршување и себеспознавање.
Таа древна,класична поделба на Јогата е:
- КАРМА ЈОГА – јога на несебично и предано дејствување
- ГЈАНА ЈОГА – јога на самоспознание по пат на разбирање и знаење
- БХАКТИ ЈОГА – јога на побожна предаденост и посветеност
- РАЏА ЈОГА – класична (Патанџалиева) осумчлена јога по пат вежби и медитација.
Со тек на време се развил посебен систем на техники и вежби чија цел била да човеквото тело биде здраво, ослободено од тегоби, патење и болести и по можност да живее долго да стекн самоспознание и реализација. Ова се принциите на ХАТХА ЈОГА –Енергетска Јога, позната, многу популарна и широко прифатена на Запад.
Постојат и други видови на Јога, кои како делови на одреден систем на Јога се осамостоиле во восебен вид со своја интегрална пракса:
- НАДА ЈОГА – јога на внатрешни звуци
- КРИЈА ЈОГА – јога на дејствување
- КУНДАЛИНИ ЈОГА – активна, енергетска (кундалини) јога
- МАНТРА ЈОГА – јога со повторување на мантра (свети слогови)
- БУДДХИ ЈОГА – јога на мудроста
- ЈАНТРА ЈОГА – јога на форми, геометриска
- ЛАЈА ЈОГА – јога на соединување со звуци
- САМЊЈАСА ЈОГА – јога на одрекнување И многу други видови на јога, денес функционираат како посебни видови.
Значајно е да се спомене дека во минаиот век, големи современи учители по јога развиле сопствени школи, системи на јога со кои станале општо прифатени ширум светот. Познати се:
- РИШИКЕШ ЈОГА – ја основал Свами Шивананда
- ИНТЕГРАЛНА – ПУРНА ЈОГА – на Сри Ауробиндо
- АЈЕНГАР ЈОГА или АТИ ЈОГА – на големиот Б.К.С. Ајенгар
- БИХАРСКА ШКОЛА на ЈОГАТА – на Сатјанада Сарасвати
- ЈОГА ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ – на Свами Махешварананда
- ХИМАЛАЈКИ ИНСТИТУТ – го основал Свами Рама
Според целната група, постојат наменски- видови на јога: јога за деца , jога жени, јога за бремени жени, јога за стари лица итн. Специјализирани-терапевски видови на јога: јога за рбет, јога за срце (срцеви заболувања), јога за астма, јога за стрес итн. Денес постојат многу повеќе поделби и видови на јога што и ги надминува рамките на овој наш преглед. Без разлика со која јога се почнува и кој пат се следи крајната цел е иста: среќа, радост, самоспознание и себеостварување кои се достигаат со постојана и лична пракса во која се вложуваме целосно: ментално и физички, јасно доаѓајќи до одговорот на вечното философско прашање: кој сум јас и која е смислата на животот.