,,Човекот е битие створено за да самото себе се надмине,, Ниче
Јогата ја носи традицијата од минатото, кога од митски времиња и низ текот на илјадници година познати и многу анонимни јоги со својата непрекината пракса и лични искуства ја обликувале јогата. Таа денес е совршена теоретска и прагматична филисофија и како наука за човекот, за смислата на човековото постоење на Земјата, за неговото место во Космосот, за патот кон себеоткривање и лична духовна реализација.
Од древнина а и денес, ние ја имаме можноста преку јога праксата беспрекорно да владеме со сопственото тело, дишење, здравје, да бидеме господари на мислите, да постигнеме совршена хармонија во себе, да ги изнедриме од себе доблестите кои ќе не подигнат на повисоко духовно ниво. На тој пат голема улога имаат класичните техника на ПРАНАЈАМА, кои ги објаснуваме овде и сега со пишан збор кои ограничува и ја нема таа ,,атмосфера,, кога се дирекно објаснети со пример и збор на инструктор или учител по јога и во нивно лично присуство се практицираат тие техники. Порано нагласивме дека дишењто во јогата се одвива низ нос, а следните две техники се исклучок од тоа правило.
СИТКАРИ е третата техника на ПРАНАЈАМА опишана во Хатха јога прадипика и заедно со ШИТАЛИ се едни од ретките техники во кои вдишувањето е низ уста. За оваа ПРАНАЈАМА, усните се раздвоени, забите се благо допрени, јазикот е сместен меѓу усните или е свиткан наназад кон горното непце. Се вдишува низ уста при што се произведува звук на шуштење и откако се вдиши устата се затвора и се издишува низ нос.
Вежбајќи на почетокот седум циклуси на СИТКАРИ и постојано зглоемувајќи го бројот на циклуси, може да стане практикантот вистински господар на своето тело. Тогаш совршено владее со гладот, жедта, сонот и мрзливоста кога вежбачот се здобива со здраво, снажно, витално и убаво тело налик на телото на Богот на љубовта – Камадев (Аполон).
ШИТАЛИ е ПРАНАЈАМА во која јазикот е свиткан како цевка и исфрлен меѓу забите и усните надвор и се вдишува низ уста – преку јазикот обликуван како цевка. По вдишивањето се затвора устата и бавно се издишува низ нос, па со вдишување низ уста се почнува со вториот циклус.
Може во напредната пракса на СИТКАРИ и ШИТАЛИ по вдишувањето да се задржи здивот и да се изведе џаландара банда и мула банда со задржан здив додека е пријатно. Потоа сосема полека се отпуштаат бандите се подига главата и се издишува кога главата ќе биде исправена. Со вдишување низ усните се лади воздухот. Денес само третина од светската популација може да го свитка својот јазик во форма на цевка и може да ја практикува ШИТАЛИ, а останатите кои се ограничени да го свиткаат својот јазик како замена може да ја изведуваат СИТКАРИ со скоро истите позитивни ефекти.
СИТКАРИ и ШИТАЛИ како техники на ПРАНАЈАМА се разликуваат само во мудрата на устата при вдишување, а ефектот е скоро идентичен: предизвикуваат отпуштање на мускулите, намалување на напрегањата, гневот, омразата , смирување на умот. Се намалува крвниот притисокот.
Отстранува чир на желудник, грозница, токсини од организмот, болести на жолчката, ги отстранува болестите на абдомен и сл. Овие техники на ПРАНАЈАМА не треба да ги практикуваат лица кои се многу сензибилни или интровертни, или оние кои страдаат од болести на белите дробови: бронхитис, астма, слуз…Ако некој има проблеми со срцето нека ги работи техниките без задржување на здивот – кумбака.
Како специфични техники на ПРАНАЈАМА: СИТКАРИ и ШИТАЛИ заради вдишувањето е низ уста по правило се изведуваат во простори каде воздухот е чист за да не се внесе нечистотија и прашина во белите дробови. Со нивно применување се смалува и отстранува вишокот на телесна температура и добро е да се изведуваат при високи надворешни температури – во лето, кога се многу ефикасни во ладењето на целокупниот организам.