,,Големите луѓе ги мериме според доблестите а не според среќата,, Латинска мудрост
Кога се воспостави односот гуру – учител и шишја – ученик, настанува духовна поврзаност и тогаш гуруовата енергија, снага автоматски тече: од учителот до ученикот. Тоа е шактипат – трансмисија на величенствена, космичка енергија. За да се активира шактипатот понекогаш е потребно физички присуство и допир, но често се случува да енергијата на учителот: гуру шакти се пренесе на големо растојание без присуство на учителот. Таа енергија – шактипат се движи низ просторот, за неа не постојат никакви материјални препреки на патот од изворот до целта, од гуру до шишја.
Така да далечината и времето не преставуваат никаква препрека во трансмисијата на шактипатот. Добриот и дисциплиниран ученик со својот учител – гуру се постојано, духовно поврзани. Доколку релацијата меѓу ученикот и учителот е чиста, односно не постои колебање и двојбеност во постапките на ученикот тогаш духовната енергија сосема слободно и чиста се транспортира кон ученикот. Само од ученикот зависи се: колку енергија ќе прими и ќе понесе со себе.
Од отвореноста на шишја – ученикот , од ,,неговата кондиција,, и капацитет зависи приемот, количината на енергијата и неговиот личен спиритуален развој. Се зависи од ученикот. Оти гуру – учителот е непресушен извор на енергија, милост и љувов: тој е океан без дно, исполнет со доблести и енергија која се подигаат до недогледни, небески височини.
Од овој извор се напојуваат животите на доблесните луѓе, со него се гаси духовната жед, се освежива мислата, се смирува вознемираениот ум. Тој ја прочистува душата од кармичката прашина која е дело на лоши постапки и процеси. Само учениците со вистинска духовна среќа, со чисто срце можат постојано да се напојуваат од овој вечен извор на нектарот на бесмртонста.
Ученикот со шактипатот е постојано исполнет со струење на енергија. Преку праничното тело кое суштествува во астралната димензија од човековото постоење, гуруовата енергија како благослов и чиста и спиритуална енергија ја активира Првата, коренската чакра – муладхара чакра. Тогаш се буди и придвижува заспаната, скриена, тајна и змијска енергија – кундалини. Самата природа на кундалини е неактивност, неподвижност, заспаност или како што ја нерекуваме во јогата, таа има тамасичен квалитет, природа на мрзливост, незнаење и мрак.
Само надворешен импулс, моќна иницијална искра која се манифестира преку шактипатот, ја придвижува кундалини, заспаната, змијска сила, енергија и ја трансформира во енергија на движење, активност и агресивност кои се особености на раџас природа. На ваков начин движењето на кундалини низ енергетските центри – чакрите преставува движење на енергија која ги прочистува и хармонизира самите центри – чакрите, воспоставува склад меѓу физичката и духовната природа на човекот, доведувајќи го целото битие во состојба на позитивни квалитети и особини познати како сатва гуна: хармонија, прочистеност и знаење – видја.
На патот на Самореализацијата, практиканот по јога и духовниот ученик, со милоста на учителот – гуру крипа од него ја примаат духовна енергија шактипат. Со неа доаѓа до евулутативни промени во духовната природа на ученикот – шишја. Ученикот уште наречен уште и чела, ги откриава во себе скриените моќи – сидхи, ги ослободува доблестите кои стануваат иманетност во ,,неговата нова природа,,. Тој, ученикот доживува ново спиритуално искуство на проширување и подигнување на свеста на повиско ниво, во нова духовна димензија. На овој начин се забрзува спиритуалниот развој за кои без јога пракса: абјаса , без духовност поттикната и продлабочена со шактипат и вградени доблести во нормалниот развој на свеста; на душата – атмата и се потребни неколку инкарнации во неколку стотици, илјадници години за да стигне до ослободување: од вечниот круг на раѓање и умирање – самсара.