,,Ако сакате да го одгледате детето во среќен и оптимистички човек, пружајте му љубов и подршка често и јасно,,
Детството е период во животот кога можат да се стекнат позитивни и трајни животни навики. Ако тие навики го исполнат детското секојдневие со здравје и радост и му пружаат креативност во исполнување на секојдневните обраски, тие успешно се носат со сите работни задачи кои се појавуват во пред нивниот пат. Стекнатите навики постојано во животот на децата се потврдуваат и се надоградуваат низ еден весел, инвентивен и радосен пристап без чувство на страв дека детето ќе биде казнето или нема да добие награда во остварувањето на личните обврски.
Ако семејството му ја пружа постојано родителската љубов и подршка кај нив се развива чувство на лична одговорност кои ги поттикнува да размислуваат за обврските кои се пред нив и проблемот кој детето само треба да го реши при нивното исполнување. Тоа во голема мера, зависи од нас родителите кои секојдневно треба да им ја даваме потребната подршка, проникната со несебична и постојана љубов почитувајќи и уважувајќи ја младата личност. Така децата стекнуваат самодоверба и почит кон родителите и оние кои ги воспитуваат и учат.
Тие се обликуваат во млади личности чиј интегритет постојано се надградува низ секојдневното учење и размислување кои им помагаат да се носат сосема успешно со секој ,,детски проблем,, за да можат да донесат вистинска одлука. На овој начин тие стекнуваат самодоверба дека нивниот развој подржан преку постојаната љубов и почит од родителите е правилно трасиран и ги исполнува со лична сигурност. Нивното секојдневие прераснува во еден среќен и креативен период од животот во кои исполнувањето на обврските е забава и им носи радост од оствареното и постигнатото. Така катадневно со секоја обврска и реализирана задача се вградуваат коцки во мозаикот наречена среќен живот на младата личност.
Денес кога малите и децата имаат се поголем број на училишни обврски на кои ,,задолжително,, се накалемени и огромен број на слободни активности: од учење на јазици преку совладување на тајните на информатиката, надградување на ,,талентите на децата,, до спортување и …трчање од една активност до друга, во кои несакајќи ги туркаме децата во натпревар, брзање без да се има барем и малку време слободно да се дише и опушти младата личност. Сите овие активности колку и да се позитивни и добри го носат натпрварувачкиот дух кој често знае да ги потишти и да ги притисне младите со тежината од товарот на славата, обврската и должноста.
Тука е јогата која со својте вежби ги релаксира и го поттикнува правилниот физички и ментален раст и развој на децата. Јога вежбите и техниките на релаксација ги учат децата да се опуштат, тоа ја поттикнува нивната креативност, ги продлабочува концетрацијата и менталните способности, ја подобрува комуникацијата, развива чувство на одговорност, среќа. По часот со јога, децата се ведри, весели, опуштени. Тоа е голема причина, младите еднаш или два пати неделно да почнат да практицираат јога и да навлегуваат во нејзиниот свет преку HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ која им нуди методи и начини да ги совладаат секојдневните обврски, да се справат со непотребното и многу често бесцелно брзање, да го одбегнат и совладаат стресот кој демне уште од детските дни.