,,Нашите животи се отелотворение на нашите карактери,, С. Радхакришнан
Секој човек и секое битие исконски се труди да го одржи своето здравје. Само здраво тело носи здрав дух и му нуди на секого вистинска и трајна среќа. Јогата има развиено методи со чија примена човекот може да постигне совршено владеење со своето тело и дух кои во текот на животот ќе му овожможат да го исполни секојдневието во радост, среќа и хармонија.
Во исто време, јогата му нуди на секој практикант можност за самоспознание и целосна духовна реаализација која ќе му ги отвори духовните двери за достигање на конечната слобода за бесмтрната душа – атма. За да се оствари тоа, личноста треба да достигне состојба на целосно владеење со телото и здивот, да развие способност на висока концетрација која ќе му овозможи да господари со мислите. Патот кон сопствената среќа е познат, го минале многумина во минатото, така и јас секојдневно чекорам, ги откривам и потврдувам вечните знаења за животот преку јога праксата веќе четири децении како и многумина вљубеници и поклоници во јогата.
Многувековното искуството потврдува дека јогата преку разработени принципи и методи дава практични поуки со кои човекот станува господар над себе и својата судбина. Важно е да се почне со јога пракса а кога тој почеток е во помлади години секој успех е полесно остварлив. Децата со својата искрена љубопитност секое искуство а особено позитивните искуства од јогата ги вградуваат во својата дневна или неделна навика. На тој начин со практикување на јога, детското тело секојдневно е исполнето со здравје, оти и самата јога е потполна наука за човекот.
Тука нема никакви скриении тајни, потребна е само желба да се има здраво тело со здрав дух, а за тоа е потребен мал напор и редовна јога пракса. Стрпливоста и постојаноста во вежбањето ги носат позитивните искуства од јога вежбите. Децата стануваат весели, со јога вежбите стекнуваат нова навика: лична грижа за своето здравје. Тие го надоградуваат и го продлабочуваат својот карактер со искуства базирани од владеење со своето тело, здив, концетрација, стекнување дисциплина, лична одговорност. Во ова време, на севкупни промени, особено е важно децата и младите да стекнат и вградат во својот карактер вредности и доблести кои ќе го одржата позитивниот однос кон себе: самодоверба, самоконтрола, лична одговорностс базирани врз дисциплина, упорност и постојаност кон целта.
Откривајќи ги вистинските вредности во себе, тие имаат позитивен однос кон другите со нивната несебичност, поштеност, алтруизам, искреност… и стекнуваат позитивен еколошки однос кон средината во која живеат и творат. Познато е дека секое дете искрено се предава во играта, а кога таа безгрижна игра има и детска јога осносно HAPPY YOGA: ЈОГА ЗА ДЕЦА И ЈОГА ЗА ДЕЦА СО РОДИТЕЛИ со која си го исполнува своето детското и младешко катадневие, таа ќе му носи позитивни искуства кои ќе го облагородат неговото детското тело и безгрижно срце со здравје, мир, хармонија и ќе го водат кон телесно и духовно совршенство.