Јога нидра е скапоцен дијамант во круната на духовноста. Луј
Јогата ни дава можност да откриеме големи тајни, да стигнеме до доброто, доблесното, и возвишено кое широко ќе ни ги отвори портите на вечното и совршеното. Низа знаења и учења од минатото, биле длабоко чувани тајни кои им се откривале само на одбрани, доблесни, искрени, верни, дисциплинирано постојани практиканти и ученици. Денес на прв поглед ни изгледа дека нема тајни учења и знаења.
Оти, во ова време се е достапно, отворено, демистифицирано. За голема среќа во традиционалната јога, во која се почитува релацијата учител и ученик, сеуште вечните знаења, доблесните принципи и суштинската мудрост за животот се спознаваат и откриваат полека, полека, дел по дел, слој по слој, онака како што би требало да тече еден нормален, здрав и доблесен живот. На патот на јогата и духовноста се чекори многу бавно, од ден во ден се напредува постепено. Конечно, пред практикантот се појавуваат контурите на совршеното. Тое пред сé е едноставно само ако сме биле упорни, постојани, искрени…
Такво совршено, возвишено искуство може да се доживее со прочуената ЈОГА НИДРА. Таа е мошне лесна, едноставноствна и слевите вежба. ЈОГА НИДРА преставува древна техника на длабоко опуштање – релаксација. Техника која била длабоко чувана тајна и им се откривала само на најдоблесните ученици. Техника која е слоевите и секоја наредна фаза опфаќа посуптилни слоеви од човековото битие.
Високите нивоа: фази на ЈОГА НИДРА денес се привилегија само на неколку врвни учители по јога, тоа се многу суптилни техники, методи преку кои се спознаваат недопирливите слоеви – нијанси на свеста, исклучиво и само со долго, методолошко практикување на ЈОГА НИДРА под водство на многу искусен учител по јога. Сепак ЈОГА НИДРА е доста едноставна техника. Таа е исклучиво ментална вежба и нема никаква врска со физичко движење. ЈОГА НИДРА е начин на спиење. Тоа е состојба на длабока релаксација, состојба меѓу сон и јаве. Практикантот има чувство на длабока опуштање.
Таа е состојба на контролирано спиење: будно спиење со потполна свесност. Тогаш телото започнува целосно да се опушта, умот се смирува а мислата се насочува. ЈОГА НИДРА е вистинска техника за поттикнување и еволутивен развој на ПРАТЈАХАРА: повлекување на сетилата во себе. Кога сетилата од нивната природна надворешна насоченост ги фокусираме во некоја внатрашна точка започнува откривањето на самиот себе: самоспознанието. Интровертноста, постепено ослободува голема енергија. Тогаш може да се почуствува вистинското опуштање, кога умот е смирен и чист, тогаш мислата е снажна, продорна и остварлива а напнатоста брзо исчезнува.