,,Нема болест, ниту старост за човекот… чие тело е искалено со огнот на ЈОГАТА,, Шветашватара-Упанишада
Јогата како практична философија и потврдена наука за животот го посматра човекот во својата изворност и целокупност. Преку неа секојдневно стануваме свесни за природниот животен ритам, за личната одговорност во одржувањето и негувањето на сопственото здравје, самоспознание и духовен развој. Таа е совршен регулатор во стварање на здрави животни навики низ кои се кристализира позитивната човекова еволуција. Со вметнувањето на јогата во секојдневието, човекот си овожможува преку едноставни и сосоема природни јога методи: отпуштање, телесни јога вежби и положби, техники на дишење, концетрација, медитација… да го одржи здравјето во секоја животна доба или да ги открие здраствените проблеми пред тие се манифестираат.
Јогата е научно-медицински потврдена во успешноста на справувањето со низа здраствени проблеми. Во денешно време бројни се благодетите од развојот на техниката, технологијата, произвоството на храна, облека… Секоја добрина си ја има и својата опачина. Така современиот човек притиснат од комфорот, заборава дека е природно битие. Суштината на природата е менливоста и движењето. Денешниот човек со техничко-технолошкиот и информатички напредок се помалку се движи. Тој, неговата физичка активност и подвижност ја сфел на минимум, конзумира храна во ,,изобилство?!,, често неправилно дише, држењето на телото е несоодветно а особено на рбетот што доведе до пораст на психичката напнатост, конфликти, бројни заболувања на органи, ситеми, со нарушено нивно функционирање, зголемана тежина на телото, телесни деформации.
Особено во последните децении со глобализацијата на светот и информатичкиот бум проследен со намаленото движење, подвижност на зглобовите и мускулите, проследени со површно, брзо а пред се со неправилното дишење, конзумирење на генетски модифицирана и хемиски третирана храна кои доведуваат до нарушување на метаболизмот на човекот. Сето тоа во подолг или пократок период зависно од природата на поединците се манифестира како слабеење на мускулатурата на човекот, подвижноста и елатичноста на рбетот и зглобовите. Ова се основите врз кои се темелат многу раширени и се почести тегоби поврзани со рбетот и зглобовите. Денес многу често од било кога во минатото се нагласени заболувањата и деформациите на рбетот и луѓето секојдневно се жалат на болки во грбот, рамењата и вратот. Добрата и лесна телесна подвижност значи способност, без никаков проблем да се движат зглобовите и мускулите а во исто време рбетот да ја зачува природната исправеност и функционалост.
Тука многу помага јогата, особено специјализираните јога курс: ЈОГА ЗА ‘РБЕТ. Тоа се посебно одбрани и методски систематизирани јога вежби и положби, кои заедно со свесно и нагласено дишење со кои се вклучени и техники на отпуштања и концетрација се пријатни за изведување на секого, независно од возраста и степенот на здраствениот проблем. Специјализираниот јога курс ЈОГА ЗА ‘РБЕТ, како сегмент од Системот ,,ПЕРФЕКТ ЈОГА,, може да делува и превентивно, а особено има нагласено терапевско дејство при специфичните тегоби на рбетот и зглобовите.