,,Сонцето, е тоа кое ги отстранува слабостите, ги лечи болестите ги убива демоните и ги штити својте верници,, Риг Веда
Циклусот СУРЈА НАМАСКАРА е една од ретките јога вежби која преставува целосна јога програма – садхана. Седум базични јога асани се вткаени во комплетна низа од 12 јога вежби – асани кои се основата на циклусот наречен СУРЈА НАМАСКАРА: ПОЗДРАВ НА СОНЦЕТО. Тие се повторуваат во два низа како лев и десен циклус и преставува единствена Целина која се изведува во одреден број на повторувања 1, 2, 3, 4, 5, 7, 12 ..21, 27 или 108 цилуси. Со редовна пракса на СУРЈА НАМАСКАРА се стекнува лесно подвижно и еластично тело, кое ослободено од масно ткиво во пределот на абдоменот и седалниот дел, што е карактеристика на лица кои долго седат или слабо се подвижни.
Неправилното држење на телото доведува до деформации на рбетот проследено со болки во вратот, рбетот .. Тоа во голем број се надминува со изведување на СУРЈА НАМАСКАРА. Овој циклус на вежби ги истегнува мускулите, ги раздвижува зглобовите, ја враќа нивната подвижност, еластичност и правилно држење и движење.
Секојдневната пракса на СУРЈА НАМАСКАРА го раздвижува рбетот, ја враќа еластичноста и подвижноста на рбетните пршлени. На овој начин се активира целото тело, се хармонизираат сите негови структури. Се развива способност за рамнотежа која се продлабочува со взаемност на асаните, свесното и контролирано дишење. Ова го смирува немирниот ум, личноста од напната, трауматична, хистерична и депресивна со секојдневна пракса на СУРЈА НАМАСКАРА прераснува во смирена и ведра личност која се исполнува со оптимизам, здравје и радост.
Со асаните се зацврстува рбетот, кој станува столб на стабилност на целокупното човеково битие. Низ него – низ централниот нади – шушумна протекува виталната енергија – кундалини која го подига нивото на свесноста и ги буди заспаните човекови моќи – сидхи.
Практикантот по јога се стекнува со еластично и лесно подвижно тело низ кое сосема нормално тече животната енергија – прана. Потребно е малку време, за да овие вежби како секојдневна јога пракса ја продлабочат концентрацијата и развијат целосна свесност за телото и дишењето и со нивно меѓусебно харнонизирање се стекне потполна контрола врз телото, дишењето кои ствараат навики на здраво, креативно и интуитивно живеење. Тоа доведува до трансформација на јога пракикантот во доблесна и позитивна личност.
Кој барем еднаш се стекне со позитивното искуство од практикување на ПОЗДРАВОТ НА СОНЦЕТО и стане свесен за ефекотот од изведбата на СУРЈА НАМАСКАРА, знае дека за него со јогата почнува личната преобразба и духовна трансформација. Вежбите – асаните ги поместуваат границите на човековите можности. Стануваме свесни дека ние можеме и многу повеќе, само ако имаме јак мотив и силна волја.
Комбинацијата од телесни вежби – асани, контролирано дишење кои во напредните фази на СУРЈА НАМАСКАРА интегрира во секојдневната пракса и повторување на свети слогови – мантри, ствара комплетна и совршена вежба, која има влијание на сите аспекти на човековото битие: телото, дишењето и умот. Практикантите по јога стануваат личности кои ги анулираат тензиите и стрестот, постепено градејќи навика за здрав живот во кои секојдневието се исполнува со ведрина и добро расположение.
Таквите личности имаат позитивен респект кон себе и својата околина, секогаш исполнети со ведрина, радост и искреност во секој миг од своето постоење. Секојдневната јога пракса – садхана, во која Поздравот на Сонцето е вградено како основна секојдневна вежба – абјаса, не само што ги преобразува практиканите во позитивни, здрави и доблесни личности туку позитивно делува и врз животната средина. Таа се исполнува со здрави личности кај кои со позитивните мисли и доблесните активности ја облагодаруваат и самата околина.