,,Медитацијата е онаа светлост во умот која го осветлува патот за дејствување,, Џ. Кришнамурти
ЈОГАТА ни дава поука дека: во животот на човекот најчесто изворот на сите спротставености, борби, порази и болки треба да го бараме внатре во самиот човек и во неговата немоќност да биде она што може и треба да биде. Во денешниот свет сведоци сме на големи човечки страдања кои како иманетност се провлекуваат низ целата човекова историја на оваа планета.
Прифаќањето на неменливоста на состојбите и човековата немоќност да ги надмине и реши сопсствените проблеми се само израз на човечката слабост да се соочи со проблемот и да го реши во себе. Универзумот на човекот изграден од недефиниран ЖИВОТ муѓу катадневно живуркање и умирање, со располсано секојдневие во пасивност и постојано лелекање и бадијалско трошење на времето, бесповратно расипање на енергијата и неповратно губење на огромни човечки потенцијали НУЖНО БАРА КОРЕНИТИ ПРОМЕНИ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ.
Катадневието базирано врз овие принципи го турка човекот во пасивен живот, потпрен врз огромна доза на незадоволство, ограден со сумлива неоверба, хронична болка, со чувство на ограничена слобода, нереализирани секојдневни обврски и недопрени животни цели.
Потребни се радикални промени кои ќе допрат не само површно во формата и стилот на живеење, туку ќе предизвикаат и коренити промени во сопствените животи. Тоа се постигнува со секојдневна ЈОГА ПРАКСА во кои ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА ги прави темелните доблесни и позитивни промени во сопствените животи. Таа предизвикува промена во супституцијата на човековото битие и негова преобразба од она што е, во она што треба да биде како човечко и духовно битие.
ЈОГАТА а особено ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА го менува погледот кон светот во кои секој ќе го пронајде вистинското и право место, преку сопственото тело, здив и свест. Тоа ќе ни отвори нови видици кои ќе ни пружат терен за целосни и корените промени на нашето битие. Природата преку разните форми на живот ни дава примери дека вистинките промени се случуваат како долгораен и постојан процес на менување.
Со ЈОГАТА телото се подготвува и дисциплинира, здивот свесно се конторлира а умот се смирува и концентрира. ЈОГАТА и ЈОГИСКАТА МЕДИТАЦИЈА налагагаат дека процесот на трансформацијата на човекот е еден бавен, постсепен и долготраен процес. Разни видови на ЈОГА и МЕДИТАЦИЈА имаат точни и строги правила, принципи и методи на пракса до кои строго треба да се придржува секој практикант со што се исклучува секаков облик на креативност или инвенција во текот на праксата.