Skip to main content

Здрави Навики

Здрави Навики

,,Човекот е таков, каков што е неговиот ум,, Јога мудрост

Редовната јога пракса ствара нови и здрави навики.

Се прифаќање на јогата и редовното вежбање во определен дневен или периодично – неделен ритам, во секојдневието на новите јога практиканити се зацвстрстуваат определени техники на отпуштање, прецизно селектирани телесни вежби и положби – асани, почетно елементарни техники на дишење – пранајама, во комбинација со енергетски и техники на прочистување – крија и банди, за да на крајот започне процесот на самоспознанието со техниките на медитација. Преку јога праксата секој стекнува лични искуства со кои се зацврстува сопствената здрава психофизичка состојба како редовен и дисциплиниран практикант на јогата. Таа е основа за добро здравје и позитивна енергија. Редовните јога вежби го подобруваат тонусот на организмот, општата ефикасност во функционирање на телото. Тоа се стекнува со постојана пракса на асани – телесни вежби и положби.

Тие го подобруваат и хармонизираат правилното функционирање на различните органи и системи во човековото тело. Така, постепено човекот станува свесен за нивното функционирање, особено почнува да ја сваќа природата на болката, искуствено стекнува способност да ја надмине и да ја замени со константно здравје кое му носи решителност и одлучност во своите постапки и дејствија. Преку праксата на телесни вежби и положби – асани, практикантот стекнува навика за себепосматрање. Асаните го развиваат и продлабочуваат чувството за рамнотежа и движење во просторот. Секој од нас порано или покасно во животот ја увидува потребатата од правилно држење на ‘рбетот. Тоа е основа за здрав, исправен и правилно функционален ‘рбет. Несомнено ова бара да се има правилен и целосен однос кон сопственото тело, дишење… И оваа позитивна навика се ствара само со јога. Тогаш започнуваат да се следат промените во сопственото тело и потполно се станува свесен за него.

Практицирањето на телесните вежби ги изоштруваат сетилата, благотворно делуваат на сите мускули, зглобови, се прочистува кожата, се поттикнува работата на нервниот систем.. И на бројните физиолошки процеси во организмот. Практикантот ја соединува секоја положба на телото – асана со соодветно дишење при што ствара цврста кохезија меѓу нив. Така телото, здивот и умот се интегрираат во една целина, градејќи слободно битие исполнето со радост. Емоционалната стабилност се зацвстува и таа позитивно делува во отстранувањето на негативните емоции. Нужно со редовната јога пракса се развиваат бројни позитивни својства: зголемена концетрација, енергичност, одлучност, систематичност, стрпливост , смиреност, упорност, внимателност… . Јогата за почетници нуди методи со кои може да биде разбрана и совладана секоја состојба на практиканотот без разлика дали е стар или млад, дали започнува со јога пракса како здрава или болна личност. Тој со сигурност сојогата гради здрава врска меѓу телото и умот.