,,Оној кој има верба има се, а на кого таа му недостасува тој нема ништо,, Рамакришна
Земјата, пленетата на која живееме трепери меѓу два пола, така и луѓето како и сите останати суштества на оваа планета се носители на двојниот поларитет. Таа поларност, особина да се поседува позитивниот и негативниот пол е сеприсутна во природата: од минералите – кристалите кој ја носат оваа иманентост, таа како карактеристика се шири и ги опфајќа сите форми, облици и манифестации на животот. Низ овие две крајности: позитивниот и негативниот пол трепери севкупното физичко постоење. Кај човекот, на врвот на главата, на фронтанелата таму каде косата спирално се умотува се наоѓа позитивниот пол – тоа е точката, која кај бебињата и малите деца многу лесно се пронаоѓа. А негативниот пол е лоциран на почетокот на рбетот, кај првиот рбетен пршлен.
Меѓу овие две крајни точки, помеѓу овие два спротиставени пола пулсира ритам кој го напојува битието со квалитет наречен ЖИВОТ. Ако силите што делуваат меѓу овие два спротиставени пола се во рамнотежа значи дека тактот на животот е хармоничен и битието пулсира во ритам на совршено здравје. Овој ритам на пулсирање на животот е особина присутна низ целиот уневерзум. Симболичната престава на овој космички процес во индиската митологија ја имаме со преставата на богот Шива, заштитникот и креаторот на Јогата, преставен како игра во заносен танц. Лила Амрит – Космичкиот Танц е обликот и манифестацијата на Ритамот на универзумот како космичка суштина. Тој ја симболизира вечната менливост, промена и непостојаност.
Кај човекот по должината на рбетот, од првиот пршлен до врвот на темето на главата, лоцирани се седум енергетски центри – чакри. Низ нив, слободно струи и протекува заспаната животната енергија – кундалини, кога главниот енергетски канал – шушумна нади е отворен, телото стабилно и неподвижно а умот смирен. Слободниот проток на кундалини – заспаната змијска енергија значи и степен на проширување на свеста и подигање на свесноста. Ова доведува и до слободен проток и струење на праната – животната енергија. Ако свеста на човекот остане на најниската точка, таквото битие има доминтни анимални особини, кои се генетски пренесени, вродени и рефлексни, а колку повисоко се наоѓа свеста, толку е поблиску до спознанието на Себе.
Личноста се самоспознава и ја открива тајната на своето постоетње: пред се смислата зошто постои како човек и која е неговата вистинска цел. Ако редовно се практивкува јога и се води и духовен живот, тој дневен духовен ритам, го води секој практикант на јогата кон секојдневно лично спознаие, кое чекор по чекор го доведува до целосно Себеоткривање. Ова значи постепено и систематски подигање и проширување на свеста. Редовната пракса на јогата го преобразува човекот: позитивно и квалитативно. Неговиот живот добива димензија на здравје во секој поглед, има позитивни однос кон себе и животот, мислите и дејствијата му се јасни, чисти и доблесни, својата свест ја става и доведува во зависност со неговата позитивна и цврста волја.
Постепено проширувајќи ја свеста, таа се подига од една чакра на следната, на повисоко енергетско ниво, во ,,виш и нов облик,, на суштествување на свеста која во потполност ја реализира целта и смислата на овоземното постоење на човекот како преобразена и целосно реализирана личност. Во ова време, тоа е моделот на потрага по Совршениот човек – Супермен, кој во духовната историја на човештвото се нарекува Светец, духовно спознаена и реализирана личност. На Истокот, тие луѓе се наречени Џиван Мукти. Тоа се личности кои преку јогата и духовната пракса достигнале лично спознание, го откриле духовно совршенството и бесмртност на човековото постоење уште во текот на својот живот.