,,Она во што веруваш тоа и постои,, М. Горки
Секојдневната јога пракса – садхана, во чија основата се асаните, кои како базичен елемент се вградени во катадневната јога програма, му овозможуваат на секој искрен и дисциплиниран јога практикант да го развие своето тело на ефикасен и флексибилен начин, кое со дисциплинираниот и концетриран ум ќе одговора на неговите дневни потреби.
Само вистинската и правилна примена на асаните, кои се во потполна кординација со контролираното дишење – пранајама и свесноста постигнуваат одлични резултати. Телесните вежби и положби – асани, се практицираат на простирка положена на тврда подлога, не на кревет или на мек и еластичен под. Мора да се биде дисциплиниран во својата пракса, редовно да се исполнува дневната јога програма на долг временски период.
Големиот мудрец и учител по јога – Патанџали запишал дека асаната е стабилна и удобна положба. Значи дека асана е положба во која можеме да останеме доста долго и без напор. Самото учење и редовно вежбање на асаните е долг, периодичен и секојдневен процес, во кои повторувањето е база на совладување на новото а во исто време значи и напредување. Постојаноста во исполнувањето на редовната јога пракса ги профилира вистинските јоги во врни мајстори на асаните.
Долгото, редовно вежбање на една серија на асани доведува до совршенство, а од друга страна за секоја нова вежба и положба – асана сме почетници. Учителите по јога, својата пракса ја темелат на долгогодишно вежбање по строги правила стекната од нивните учители.
Тоа значи дека во јогата постојат принципи и правила кои треба да се почитуваат. Самата пракса на телесни вежби и положби – асани е базирана на долги илјадагодишни искуства на низа славни и многу анонимни, а пред се големи учители и мудреци на јогата. Кога се работи некоја серија на асани, секоја вежба и положба на телото – асана има одредено место, дополнувајќи или нагласувајќи ја претходната положба – асана, а во исто време подготвувајќи го телото за следната положба.
На овој начин практицираната серијата на јога положби има значење и влијание и поединачно како самостојна положба со целосна индивидуален ефект на телото и психата на практикантот. А од друга страна, секоја асана има специфично влијание во една целина од асани кога ефектот се нагласува, хармонизира и е во складност со целата јога програма. Асаните практицирани во една целина, како една логички и складна серија, изискуваат умереност, а во исто време и упорност во долг период на пракса за да телото, умот и духот се подготват и ги апсорбираат вистинските позитивни ефекти и доблести. Така при секоја повторна средба со тие вежби и положби – асани нашето битие ќе биде подготвено да ги прифати здравјето, мирот и хармонијата кои тие ги нудат.